Лаптоп за ученици
20-05-2009
Компанијата Dell деновиве го претстави новиот зајакнат преносен компјутер наменет за учениците, бидејќи сметаат дека малите лаптопи се совршени за детските раце.
Се работи за моделот Latitude 2100 кој има антибактериска тастатура, екран чувствителен на допир со дијагонала 10,1 инчи, гумирано куќиште а децата може да одберат една од петте бои во кои овој лаптоп е достапен.
Во споредба со пластика или магнезиумска легура, гумираното куќиште полесно се држи и тешко дека ќе ви се лизне од рацете, всушност токму поради оваа одликата компанијата смета дека овој компјутер ќе биде корисен во образованието.
Latitude 2100 има процесор на Intel, Atom N270 со 1,6 GHz, има најмногу 1 GB меморија, користи вообичаен хард-диск од 250 GB или хард-диск кој се темели на флеш меморија (solid state disk, SSD) од најмногу 16 GB, Bluetooth, подршка за безжично поврзување во локална мрежа, три USB приклучоци, приклучок за SD/MMC картичка и друго.
Што се однесува до оперативниот систем на располагање се Windows XP Home, Vista Home Basic или Ubuntu Linux. Тежок е се на се 1,3 кг.
На екранот има сијаличка која служи како показател на мрежната активност што на професорите им овозможува да видат дали компјутерот е поврзан со интернет.
Овој преносен компјутер првично е наменет за учениците, но би можело да биде интересен и за повозрасните корисници и бизнисмените.
Според цената и можностите е близок на серијата на преносни компјутери Dell Mini, но бидејќи припаѓа на марката Latitude има и услуги кои што Mini ги нема (пример заштита на податоци и можност за следење).